ВестиПопуларно

Путин: Да ги заштитиме луѓето во Газа ни е света должност

Претседателот на Русија Владимир Путин повика за помош на граѓаните во Газа и како што кажува тој “Сите гледаме што се случува таму”

Веќе е невозможно да не сте запознаени со ситуацијата во Газа која трае од Октомври 2023. Во последно време се погласни се барањата Израел да биде теретен за воен криминал со тоа што бројот на жртви во Газа ги надмина сите граници.

Моментално, населиниците на Газа имаат провлем со наоѓање на храна и вода, па нивните оброци изгледаат вака. Според изјавите по социјалните медиуми, еден содржаен оброк во газа изгледа вака.

Путин даде изјава каде што бара од светот да и помогне на Газа, нарекувајќи ја таа помош “Света должност”

“Ова е многу важна хунанитарна мисија. Мораме да им помогнеме на луѓето во Газа кој се жртви на моменталните настани. Сите гледаме што се случува таму, затоа ни е света должност да помогнеме”

Фрустрации со постапките на Израел изјави и претседателот на Бразил, Луиз Инацио Лула да Силва кој ги спореди израелците со Хитлер.

“Она што се случува во Газа не е војна, туку е геноцид. Не станува збор за борба во која што се борат војници против војници. Станува збор за борба во која што се борат високо тренирани војници против жени и деца. Она што се случува во Газа веќе се има случено во минатото, зборам за кога Хитлер ги убиваше евреите”