ВестиПопуларно

САД „размислуваат“ да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Откажувањето доаѓа по барање од Австралија, од каде што потекнува Асанж. Премиерот на земјата Ентони Албанес го поддржа предлогот во февруари со кој се повикува на негово враќање во Австралија.

Кога беше прашан од новинарите во Белата куќа за прелогот од Австралија, американскиот претседател рече: „Го земаме предлогот во предвид“.

Адвокатот на Асанж ги опиша коментарите како „охрабрувачки“.

52-годишникот се соочува со кривично гонење во САД поради наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана.

Ова следеше по објавувањето на стотици илјади документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Во четврток ќе се одбележат пет години откако Асанж беше одведен во затворот Белмарш во Лондон, кога беше извлечен надвор од амбасадата на Еквадор каде што престојуваше.

За време на дводневното судско рочиште претходно оваа година, адвокатите на Асанж побараа дозвола да поднесат жалба против неговата екстрадиција во САД.

Судиите Дам Викторија Шарп и Џастис Џонсон ги отфрлија повеќето од нивните аргументи, но одлучија дека тој не може веднаш да биде екстрадиран освен ако САД не дадат дополнителни гаранции за тоа што ќе се случи со него.