ВестиПопуларно

УЖАС! Малата Миа (8) почина откако докторот ја испратил дома и рекол да ПИЕ БРУФЕН – немало место за неа во болница!

Осумгодишната Миа Глин починала од сепса неколку часа откако нејзиниот лекар двапати ја испрати дома, советувајќи ја нејзината мајка да и дава течности и ибупрофен бидејќи болницата е полна.

Миа била однесена на лекар двапати во рок од четири часа, а и покрај симптомите на стрептокок од групата А, нејзините родители добиле инструкции да ја однесат дома.

Миа прво била однесена на лекар бидејќи повраќала, имала силна главоболка и се пожалила на болки во грлото. По втората посета, девојчето било испратено дома со антибиотици откако и било кажано дека болницата е полна. Нејзините загрижени родители, Сорон (39) и Кејти (37) се прашуваа дали можеби била заразена со стрептокок А, кој бил присутен во тоа време.

И покрај тоа, лекарот ја советувал Кејти да ја држи Миа на течности и ибупрофен и да не започнува со антибиотици додека не биде примена во болница. Иако девојчето сè уште се чувствувало лошо, таа вечер спиела во креветот на нејзините родители, но во раните утрински часови се разбудила вознемирена. Миа, дезориентирана, имала осип на рацете и нозете, модри усни, се жалела дека чувствува топлина, но била студена на допир. Сорон и Кејти се јавиле на 911 и лекарите ја однеле во болница каде и биле дадени интравенски течности и антибиотици.

Сепак, постои сомневање дека Миа развила сепса и имала срцев удар околу 15 минути по пристигнувањето во болница. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но таа починала околу 20 минути подоцна, а причина за смртта е сепса предизвикана од инфекција со стрептокок А.

По смртта на Миа, нејзините родители ангажирале стручни адвокати за медицински небрежност за да го истражат нејзиниот случај и да добијат одговори. Семејството, исто така, собра повеќе од 40.000 фунти за добротворни цели во спомен на Миа преку различни настани, вклучувајќи трки и донации од локални бизниси. Тие ја основаа и добротворната организација aiM (анаграм на Миа) во спомен на нивната ќерка.

Сорон, кој е наставник по инженерство, истакнува дека е важно јавноста и здравствените работници да се едуцираат за симптомите на сепса и да го постават прашањето „дали ова е сепса?“.

„Тажна реалност е дека има семејства како нашето кои трпат загуби поради сепса и тоа мора да се промени“, додава тој.

Миа почнала да се жали на болки во грлото на 5 декември 2022 година. Околу 08:30 часот на 8 декември родителите ја однеле на лекар бидејќи имала температура и силна главоболка. Медицинската сестра и кажала на Кејти дека симптомите на Миа се вирусни и ја советувала да и дава течности и парацетамол. Кејти ја вратила Миа на лекар малку по пладне. По прегледот, Миа и Кејти биле испратени дома. Сорон и Кејти се јавиле на 911 веднаш по 3 часот наутро на 9 декември 2022 година. Миа починала тоа утро.

Викторија Зинзан, специјалист адвокат за медицински небрежности која ја застапува двојката, рече: „Миа беше сакана ќерка и сестра и нејзината смрт имаше катастрофално влијание врз нејзиното семејство“.