ВестиПопуларно

Украински дрон виновник за експлозија во Санкт Петербург? Русите со напад врз Одеса

Две згради во Санкт Петербург се оштетени а станарите се евакуирани откако силна експлозија ги скрши прозорите на зградите. Во меѓувреме, двајца луѓе починаа и осум се повредени откако руски дрон се сруши врз станбен блок

Гувернерот на Санкт Петербург Александер Беглов изјави дека инцидентот се случи во североисточниот кварт Красногвардеиски и дека нема жртви, но жителите се евакуирани. Причината или природата на инцидентот не беа прецизирани.

Станарите кажаа дека слушнале необичен звук а потоа експлозија, по што избил пожар.

Руските медиуми кажуваат дека е можно да е во прашање срушен украински дрон која целта му била складиште за гориво во близина.

Властите во Одеса, на југот на Украина, известија дека две лица загинале, осум се ранети, а шест се сметаат за исчезнати во уривањето на руски дрон на станбен блок.

„Русија продолжува да се бори против цивилите. Еден од непријателските дронови погоди станбена зграда во Одеса. Уништени се 18 станови“, рече претседателот Владимир Зеленски и објави видео од уништувањето и спасувачите кои ги пребаруваат урнатините на Телеграм.

Зеленски рече дека станува збор за беспилотно летало Шахид од Иран. Шахед 136 или ХЕСА Шахед 136, познат и по руската ознака Геран-2, е ирански автономен камиказе беспилотно летало што се користи од 2021 година. Иран ја снабдува Русија во изобилство со овие беспилотни летала, кои се испукани во рафали од пет или повеќе од една ракета-носач.

Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, изјави дека моментално се работи на чистење на рушевините и дека еден маж бил пронајден жив. Сè уште се трага по 6 лица.