Друго

Бајден најавува дека Велигденската недела ќе биде ден на видливост на трансродовите луѓе

Претседателот на САД, Џо Бајден ја прогласи Велигденската недела во 2024 година за „ден на видливост на трансродовите“, кој годишно се паѓа на 31 март.

Белата куќа ги соопшти вестите во петокот, за да ја признае „храброста и придонесот на трансродовите Американци“ на годишниот „ден на видливост на трансродовите лица“.

Еве мал извадок од соопштението на претседателот Бајден.

„Јас Џозеф Р. Бајден Џуниор. Претседател на соединетите американски држави, врз основа на овластувањата што ми се дадени со уставот и законите на Соединетите држави, го прогласувам 31 март 2024 година за ден на видливост на трансродовите лица. Ги повикувам сите Американци да ни се придружат во подигнувањето на љубовта и гласот на трансродовите луѓе низ нашата нација и да работиме на елиминирање на насилството и дискриминацијата врз основа на родов идентитет“

Соопштението на Бајден не беше добро прифатена од американската јавност кои се огласија на социјалните мрежи.

Еден кажа „Од една страна Путин ги смета LGBTQ за терористи, додека кај нас им даваме ден на видливост.“

Додека друг корисник кажа „Не ми е гајле кога го изјавил ова. Ова е шлаканица за нашиот господ и спасител, Исус Христос! Фактот што тој го објавува во недела на Воскресението оваа година е само уште една шлаканица.“

Други се запрашаа како ова ќе се одрази на ноемвриските избори „Џо речиси како да прави сè што е во негова моќ за да ги загуби овие избори. Не е добра недела … повторно“

Секако имаше и луѓе кои застана на страната на Џо Бајден изјавувајќи „Пред да почнете да набедување, имајте на ум дека 31-ви Март секогаш бил ден на трансродова видливост, така и било последните 15 години, 4 од кои Трамп беше претседател.“

Џо Бајден исто така забрани приказ на религиски симболи на велигденските јајца за традиционалниот натпревар што се одржува во САД за секоја велигденска недела.