Животни

(ВИДЕО) Гледале китови, па налетале на ова морничаво суштество. Го нарекуваат „чудовиштето од зоната на самракот“, неговото каснување знае да биде болно!

Приказната од Монтереј, Калифорнија е за група љубители на китови кои наидуваат на бизарно суштество.

Видеото стана вирално, а присутните го опишаа како „чудовиште од зоната на самракот“.

На видеото се гледа суштество кое не ги привлекува луѓето со својот изглед. Еден од сведоците изјави: „Утрово го најдовме ова суштество како лежи на нашето пристаниште. Внимателно го ставивме на картон и го вративме во водата“.

Станува збор за американскиот крвав црв (glycera americana), кој има проѕирна кожа покриена со влакна.

Овој месојад има необични вилици кои наликуваат на песјаци со кои ги зграпчува своите жртви и им вбризгува отров.

Иако изгледа страшно, не ги напаѓа луѓето, но експертите советуваат да не ја допирате устата бидејќи ако ве гризне може да е многу болно.

Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени, а многумина се прашуваа колку долго бил црвот. Еден од сведоците одговори: „Околу триесет сантиметри“.

Еден коментар на интернет ја сумира приказната: „Фасцинантно, но и застрашувачко“.