Животни

Крокодил убива бебе нилски коњ и ја “отвара вратата од пеколот”

На Инстаграм профилот “@iamsgellieb2” се појави видео кое прикажува како реагираат нилските коњи откако крокодил убива еден од нивните.

Според некои од коментарите, станува збор за две различни видеа, односно дека станува збор за два изолирани случаи. Како и да е, видеото е прегледано речиси 72 милиони пати и има 4,4 милиони лајкови.

“Крокодилот не учи дека постојат последици од нашите акции, нилските коњи не учат да се штитиме едни со други, а лавот не учи да си ја гледаме нашата работа”, гласи коментарот со најмногу лајкови под видеото.