Забава

(ВИДЕО) Би дозволиле ли вие нешто вакво?: Девојче со неполни 2 годинки без страв скока во базен

Колин Стенли на својот профил на TikTok сподели видео од првото скокање во базен на нејзината едноиполгодишна ќерка. Девојчето било на базен со својата мајка, а на видеото се гледа моментот во кој девојчето стои на даската за скоокање, додека нејзината мајка ја чека во базенот.

На девојчето му требале неколку моменти да собере храброст да скокне, но кога го направило тоа, луѓето околу неа почнале да плескаат од возбуда.

Видеото за неколку дена беше прегледано 3,6 милиони пати, а многумина беа импресионирани од храброста на девојчето.

„Малена е похрабра од повеќето од нас во зрелоста“, „Мала, но храбра“, „Браво! Истото го направивме и со нашите деца, сакавме што поскоро да им го отстраниме стравот од скокање во вода“, „Одлична беше, браво малечка!“, „Морам да признаам дека скока подобро од мене“, „Преслатко! Верувам дека ќе и биде драго да го гледа ова видео кога ќе порасне“, се само дел од позитивните коментари.