Забава

(ВИДЕО) Го покажа фустанот, па предизвика лавина од негативни коментари: „Колку треба да си себичен за да го носиш тоа на туѓа свадба?!“

Познато е дека белата боја на фустанот се смета за несоодветна меѓу гостите на свадбите. Сепак, се чини дека бојата која се смета за непожелна доколку не сте невеста е проширена на многу пастелни нијанси. Токму затоа еден клип постигна рекордна гледаност и предизвика вистинска дебата на социјалните мрежи.

Стилистката Софи Барнс се огласи на својот профил на Тик Ток за да го покаже фустанот што го носеше како гостин на свадба. Фустанот го дизајнирала Карен Милен, а го нашла на продажба за 140 евра. Фустанот изгледа како таков што би одговарал за црвен тепих. Има едноставен процеп и е затворен е во пределот на градите.

Она што ја направи посебна оваа креација беше бојата која беше пастелно сина, а во пределот на десната страна имаше многу длабок шлиц кој ги откриваше долгите нозе на убавата стилистка. Посебен детал беше пердувот, исто така во небесно сина нијанса, кој беше асиметричен, така што го украсуваше левиот ракав и десниот раб на фустанот, кој се движеше од колкот по целиот шлиц.

Софи го комплетираше целиот стајлинг со светлосина модерна чанта и сребрени сандали. Сепак, и покрај нејзиниот елегантен изглед, фустанот предизвика негативни реакции.

Критичарите тврдеа дека пастелно сината боја на фустанот е несоодветна за свадба, бидејќи на фотографиите може да изгледа бело, што традиционално е резервирано за невестата.

– Многу е непримерно да се носи тој фустан во боја на свадба како гостин. Ќе изгледа бело на фотографиите, плус е гламурозно.

– Колку можеш да бидеш себичен да носиш такво нешто на туѓа свадба?

– Јасно е дека фустанот е небесно син, но на фотографиите изгледа како бело.

По бројните критики, Софи се правдаше дека на невестата и е „совршено добро“ со изборот на фустан.

– Прво, фустанот е син и јас се смешкам од утрово. Второ, невестата знаеше што ќе облечам и кажа колку и се допаѓа мојот избор – објаснила Софи.

За среќа, меѓу коментарите имаше и поддршка од обожавателите кои беа воодушевени од нејзиниот изглед.

– О, боже, изгледаш неверојатно.

– Ги сакам твоите стилови.

– Остави ги хејтерите, душо, изгледаш како божица.