Забава

(ВИДЕО) Луѓето во шок по оваа снимка! Бебе од една година плива и нурка

Бебињата се способни да нуркаат, но тоа не го прават во ист контекст како возрасни лица. Во првите месеци од животот, тие инстинктивно и рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога се под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на брада“ или „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Меѓутоа, бебињата не нуркаат „намерно“, поточно свесно, како возрасните луѓе и нема да побараат вода за да нуркаат. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според мислењето на експертите, бебињата би можеле да почнат со тренинзи за пливање некаде меѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препорака од педијатар. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да бидат сигурни дека детето е подготвено за оваа активност. Тренинзите за пливање за бебиња би можеле да бидат корисни за развојот на моторичките вештини, самодовербата во вода и зајакнување на врската меѓу родителите и детето, а неретко некој од родителите е во вода со бебето.

Една снимка на која девојче од неполна година плива, нурка, се одржува на рацете на својот татко и позира, станала многу популарна. Детето, претпоставуваме девојче, е во едноделен костим за капење и стои на рацете на својот татко или тренер, меѓутоа, самиот начин на кој го прави тоа е идентичен како кај возрасните пливачи кои професионално за занимаваат со пливање.

https://www.instagram.com/reel/C5LcCd0LmyO/?utm_source=ig_embed&ig_rid=5851ec7d-068a-459c-a225-c07f1fbbf30b

Бебето без капа за базен, како и без очила за пливање, стои на рацете на својот татко и од таму скока со глава во базен. Таткото не и ги испушта ноџињата од рака ни за момент. Девојчето нурка, а потоа излегува од водата. Потоа грациозно стои на рацете на својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, а потоа прави се одново.

Снимката на Инстаграм има 1.148.000 лајкови и бројни коментари.

„Ми се допаѓа како си аплаудира сама на себе секој пат кога ќе излезе од вода“, „Ова бебе многу ме инспирира! Децата се толку слободни и амбициозни“, „Таа веќе излегува од вода како познат спортист“, гласат некои од коментарите.