ЗабаваПопуларно

Канје нападна новинарка после непријатно прашање: „Дали си ти луда?“

Канје Вест и го грабна мобилниот телефон на новинарката од рака откако таа му постави прашање за неговата сопруга Бјанка Ценсори.

Инцидентот, снимен на видео од „TMZ“ се случил додека раперот бил на пат кон церемонијата на Патеката на славните на Чарли Вилсон на булеварот Холивуд.

Во видеото, новинарката му приоѓа на Вест одзади, прашувајќи го: „Луѓето сакаат да знаат дали Бјанка има своја слободна волја, некои луѓе велат дека ја контролираш..?“ Меѓутоа, пред да ја заврши реченицата, раперот се свртел кон неа и ѝ го грабнал телефонот од раце.

И покрај тоа што екранот се затемнува, можеше да се слушне како тој ѝ вели: „Не доаѓај по мене со тоа глупаво ср**е, јас сум личност. Дали си ти луда?“

“Јас сум легенда, тука сум да го поддржам Чарли Вилсон, а вие доаѓате да ме прашате некои глупости за мојата сопруга. Тоа е мојата сопруга”, продолжил раперот. Потоа се сврте кон новинарката и ја праша „дали има слободна волја или работи за ѓаволот“.

Додека фотографката молела да и го вратат телефонот, се слушале неколку луѓе како се обидуваат да ја смират ситуацијата, но безуспешно.

„Ме прашавте дали мојата сопруга има слободна волја. Дали тоа беше глупаво, непочитувачко прашање да му се постави на возрасен суперхерој“, продолжи Вест. „Одговорете на прашањето, јас треба да одговорам на вашите прашања, одговорете на моите прашања“, инсистира Канје.

Пред да се повлече, Вест и понудил работа на репортерката, дури и велејќи дека ќе и плати двојно повеќе отколку што ѝ плаќала „TMZ“. Ова доаѓа откако се појавија извештаи дека Вест и забранил на својата сопруга да ги користи социјалните мрежи заради нејзина заштита.

Според Дејли Мејл, раперот наводно ѝ забранил на Ценсори да ја користи апликацијата за да избегне негативни коментари. Сепак, овој потег ја „изолираше“. „Бјанка отсекогаш имала социјални медиуми и била активна на нив – сè додека не се омажила за Канје“, вели изворот.

„Тој не сака таа да има социјални мрежи бидејќи мисли дека ќе и биде тешко ако мора да ги чита грдите работи што луѓето ги кажуваат. „Тој ја убеди дека со оглед на тоа што сега е ѕвезда, мора да остане мистериозна и тоа е морничаво за оние кои ја познаваат, затоа што се чувствува како друга форма на контрола“, заклучил изворот.