Забава

Кога ги видел цените паднал во несвест! Во Дубровник дошол Италијанец, кога му кажале колку чини соба, ОТИШОЛ ДА СПИЕ ВО АВТОМОБИЛ.

Во Дубровник пристигна патувачкиот блогер Франческо Серсија, кој ги снима своите патувања за Инстаграм. Меѓутоа, сместувањето му било прескапо, па нашол алтернативна опција. „Очајните времиња бараат очајни мерки“, рече тој во описот на видеото.

Прескапо му било да плати 64 евра за ноќевање во хостел во Дубровник, па изнајмил автомобил за 70 евра со уште двајца мажи кои не ги познавал.

„Дубровник, прекрасен крајбрежен град во Хрватска, често се нарекува „Бисер на Јадранот“. напиша во описот на видеото во кое покажа каква била неговата ноќ.

Подгответе се за високи цени

На видеото тој ги мие забите пред автомобилот, додека друг маж спие во автомобилот. „Оваа популарност има своја цена. Дубровник е познат како една од најскапите дестинации во Хрватска. Без разлика дали се работи за сместување, ресторани или дури и основни туристички активности, цените во Дубровник можат да бидат значително повисоки во споредба со другите делови на земјата“, рече тој.

„За време на шпицот на туристичката сезона, трошоците може да се зголемат, што го прави помалку прифатлива опција за патниците. Ако планирате да ја посетите, мудро е да бидете подготвени за високите цени што го придружуваат неоспорниот шарм на градот“, додаде тој.