Забава

“Не можам да си ги однесам децата во училиште”: Има 800 тетоважи по цело тело и се уште мисли дека не е доста

Мелиса е решена да продолжи со тетоважите и покрај тоа што веќе има покриено голем дел од телото, вклучувајќи го и лицето и главата.

Мелиса Слоун е позната по тоа што нејзиното тело, вклучувајќи го и лицето, е речиси целосно покриено со тетоважи. Оваа велшка мајка на две деца верува дека е една од најтетовираните луѓе во светот и сака да го докаже тоа со влегување во Гинисовата книга на рекорди откако неодамна беше срушен стариот рекорд. Иако го сака своето тело покриено со мастило и продолжува да се тетовира до три пати неделно, Мелиса често се соочува со проблеми кога се во прашање нејзините деца

Поради нејзината страст за тетоважи, тaa се соочува со ограничувања во секојдневниот живот, вклучително и проблеми со наоѓање на работа, пристапување до училиштата, па дури и некои од локалните пабови не ја примаат.

Покрај проблемите со работата, Мелиса се соочила и со дискриминација во училиштето за нејзините деца, каде и било забрането да присуствува на настани. Таа тврди дека дури и забраниле да влегува во училиштето за време на училишните приредби и дека морала да гледа низ прозорецот.

Мелиса исто така се сеќава дека во минатото и биле забранети од пабови поради нејзините тетоважи. „Луѓето ме гледаа како да сум никој и ништо“, вели таа. Со речиси секој дел од лицето покриено со мастило, вклучувајќи цветни тетоважи и крстови, Мелиса отиде чекор понатаму и ги покри старите дизајни со нови, создавајќи неколку слоеви тетоважи на лицето. Во моментов, таа вели дека има три слоја и верува дека би можела да има најмногу тетоважи на светот. Се стремам кон Гинисов рекорд“, рече таа и додаде дека никогаш нема да престане да се тетовира.

И покрај тоа што се обидува да ги прикрие своите тетоважи со шминка, Мелиса не може да најде работа и вели дека нејзината зависност од тетоважи е толку силна што планира да продолжи се додека на нејзиното тело има простор за ново мастило. „Ако доживеам 70 години, сè уште ќе имам тетоважи“, вели таа, додавајќи дека нејзината кожа на некои места веќе станала синкава.