Забава

Ноќта во хотел му се претворила во ноќна мора: „Почувствував болка и во неговите боксерки пронашол нешто неверојатно“

Тој тврди дека поради оваа случка развил ПТСН, дека емотивно страда и дека се многу негативно влијаело на неговиот сексуален живот …

Спиев во хотел во Лас Вегас. Одеднаш почувствував силен убод во мојата интимна зона. Како да ме прободе остар нож или парче стакло. Болката беше ужасно силна и ме разбуди, погледнав во моите боксери и видов скорпија, изјави за американските медиуми 62-годишниот Мајкл Фарчи од Калифорнија.

Тој тврди дека поради оваа случка развил ПТСН, дека емотивно страда и дека се многу негативно влијаело на неговиот сексуален живот. Тој и неговата сопруга поднеле тужба против хотелот во кој престојувале …

– Бараме отштета и за неговата сопруга – вели адвокатот ангажиран од парот.

Фарчи нагласува дека неговиот живот не бил ист од тоа кобно утро на 26 декември 2023 година. Тој ги обвини и вработените во хотелот дека се шегувале со него. Убодот бил на „незгодно“ место, тестисите му биле повредени …

– Беше толку непријатно за мене. Подоцна страдав од еректилна дисфункција, животот ми се промени на полошо– вели Фарчи.

Од хотелот накратко соопштија дека го почитувале протоколот за овој случај, останатото ќе се решава на суд …