Забава

Ова се знаци дека вие и вашиот партнер сте сродни души! Две работи се клучни

Духовните луѓе тврдат дека сродни души постојат и дека може да се препознаат со некои знаци.

Психотерапевтката Бабита Спинели вели дека терминот „сродна душа“ се однесува на љубовна врска, но и на врска со други луѓе кои не прифаќаат и нè познаваат.

Дури и ако не верувате во идејата за душа, не можете да негирате дека има некои луѓе со кои понекогаш само „кликате“ на подлабоко ниво од другите. А тоа подлабоко ниво може да биде само ниво на душата.

Може да имате повеќе од една сродна душа

Психотерапевтката Анет Нуњез дури тврди дека може да имате повеќе од една сродна душа.

Таа објаснува како може да биде секој со кого имате длабока енергична врска.

Можеби таа личност ви изгледала позната од првиот момент, или останувате блиски со неа дури и ако повеќе не сте блиски. Ова не се однесува само на партнерите, туку и на пријателите, па дури и на домашните миленици.

Знаци дека сте ја нашле вашата сродна душа

Според експертите кои се занимаваат со оваа тема, ова се знаците кои укажуваат дека сте ја пронашле вашата сродна душа:

Почувствувавте инстант врска

Иако првпат ја гледате таа личност, кога ќе ја запознаете вашата сродна душа, ќе се чувствувате како да сте се познавале претходно.

Се чувствувате како да се познавате од минатите животи

Некои духовни експерти веруваат дека душите кои споделувале минати животи се привлекуваат една кон друга и чувствуваат силна привлечност и во овој живот, пренесува MindBodyGreen.