ЗабаваПопуларно

Познатиот турски актер го купил основното училиште во кое учел – па го срушил

Турскиот актер Чаглар Ертугрул предизвика контроверзии со купувањето и демолирањето на неговото поранешно основно училиште, каде што како дете бил физички малтретиран од наставниците.

Тој на Инстаграм објави фотографија на која е среде урнатините, наведувајќи дека му се одмаздил на училиштето кое го трауматизирало.

Тој на својот Инстаграм профил изјави: “Наставниците од основно училиште секогаш ме тепаа, па го зедов целото училиште и го срушив, нема да изградам ништо на негово место.”

Објавата доби илјадници коментари, а многумина ги критикуваа неговите постапки како деструктивни и непродуктивни.

Ертугрул, познат по својата главна улога во турската серија „Организација“, има над 3 милиони следбеници на Инстаграм, што му ја засилува дебатата.