Забава

Предизвика дебата со изборот за фустан за на свадба: „Јас да сум невеста, веднаш ќе те пратев дома“

„Зошто мораш да се појавиш на свадбата на твојата пријателка со ова? Очигледно си многу несигурна“.

Австралиската инфлуенсерка Тахија Скејнс (29), која има преку 800.000 следбеници на социјалните мрежи, предизвика дебата поради изборот на фустан за венчавката на која присуствуваше. Скејнс неодамна сподели неколку фотографии на кои е облечена во крем фустан со длабоко деколте и висок шлиц, што ги подели мислењата на нејзините следбеници. Заедно со сликите, инфлуенсерката напиша: „Прекрасен ден посветен на прославата на љубовта“.

Многу нејзини обожаватели го пофалија изгледот во коментарите, изразувајќи го своето воодушевување со коментари како „Прекрасно“ и „Неверојатно“. Сепак, нејзиниот моден избор набрзо стана предмет на дебата на социјалните мрежи кога се постави прашањето дали таков фустан е соодветен за туѓа венчавка.

Реакциите за фустанот беа поделени. Додека некои истакнаа дека модата дозволува похрабри избори, особено ако на невестата не и пречи, други сметаа дека Скејнс отишла предалеку и дека нејзиниот изглед не е соодветен за таква пригода.

Еден корисник напишал дека „учтиво ќе побара“ личноста да се пресоблече, додека други тврдат дека основното правило на венчавката е никој да не смее да ја засени невестата. Некои отидоа чекор понатаму, опишувајќи го фустанот како „невкусен“ и сугерирајќи дека Скејнс можеби бара внимание.

’Сериозно? Дури и да нема кодекс на облекување, дали сте заборавиле дека овој ден не е за вас? Носевте речиси идентичен фустан како невестата … имајте само малку пристојност“, напиша еден, додека друг саркастично додаде: „И наеднаш се појави нов кандидат за Нарцис на годината“.

„Зошто мораш да се појавиш на свадбата на твојата пријателка со ова?? Очигледно си многу несигурна“, напиша следниот корисник, а следниот додаде: „Ова не е соодветно да се носи на свадба. Немате почит“.