Забава

Психолог тврди дека 80% од жените ги прават овие две грешки во односите со мажите

Интерперсоналните односи се сложени и бараат внимание и разбирање, а многу жени прават две грешки во односите со мажите, вели психологот Ирина Молвинскаја. Според неа, првата грешка е што жената почнува да ја презема улогата на мајка во врската.

„Овој феномен се манифестира во прекумерна грижа, контрола и старателство, што не е соодветно во партнерскиот однос. Жената не треба да му биде мајка на својот сопруг бидејќи тогаш се труди да го контролира секој аспект од животот на партнерот, да се грижи за него како дете и да му ги решава проблемите“, објасни таа за порталот Газета.

Таа истакнува дека ваквото однесување доведува до нерамнотежа во врската, па партнерот може да почне да се чувствува зависен, како дете и како резултат на тоа да изгуби интерес и почит кон жената.

„Причините за ваквото однесување можат да бидат вкоренети во семејните односи и стереотипите, каде жените уште од детството учат дека нивната главна улога е да се грижат и штитат. Меѓутоа, во односите меѓу возрасните, таквиот пристап не само што е неефикасен, туку и штетен. Партнерство вклучува еднаквост, меѓусебна почит и поддршка, а не родителска грижа и контрола Жените треба да научат да му веруваат на својот партнер и да му дозволат да покаже независност и одговорност“, истакна психологот.

Како уште една грешка ја посочува несигурноста за сопствените желби и цели.

„Ако жената не може јасно да ги изрази своите желби и цели, тоа предизвикува тензии и недоразбирања со партнерот и отуѓување од партнерот. На крајот на краиштата, на нејзиниот партнер му е тешко да ги задоволи потребите кои самата жена не ги изразува и исполнува“, истакнува Молвинскаја.

Таа ги советува жените да работат на себе и да станат посамоуверени. Исто така, ја нагласува важноста од отворена и искрена комуникација со вашиот партнер и споделување на вашите мисли и чувства.