Забава

„Се заљубив во маж 34 години постар – луѓето зјапаат во нас и мислат дека сум ескорт дама“

Австралијката признава дека често ја мешаат со ескорт дама кога излегува со нејзиниот 63-годишен партнер, но инсистира дека нивната врска е љубов и е искрена.

Австралијката Нова Хоторн (29) веќе пет години е во врска со 63-годишниот Џејмс, кого го запознала на страницата за запознавање на „Sugar Daddy“. Но, таа тврди дека на крајот се заљубила во него, што нема никаква врска со неговите пари. Џејмс на почетокот и подарил скап накит и облека и вложил околу 360.000 евра во нејзиниот бизнис. И помогнал да купи стан.

“Пред Нова имав неколку слични врски, тоа ми беше едноставен начин да запознавам нови луѓе. Но, сè брзо стана посериозно со Нова, а набрзо се префрливме од врска за пари во вистинска врска” – изјави Џејмс.

Сепак, тој призна и дека луѓето често застануваат, зјапаат во нив или дури ги фотографираат кога се заедно во јавност. Нова, која има повеќе од 45.000 следбеници на Инстаграм, вели дека ужива.

“Ми се допаѓа возбудата кога излегуваме заедно, бидејќи знам дека луѓето ќе не гледаат. Намерно се дотерувам, облекувам кратко здолниште или тесен фустан – па ако ќе гледаат, барем имаат што да видат” – додаде Нова.

Иако нивната врска започна како договор, парот кој живее во Мелбурн, Австралија, брзо се заљуби.

-Ми се допадна како личност, не само како некој што ке ми дава пари – изјави Нова. Но, таа признава дека луѓето често ја мешаат со ескорт девојка кога се заедно.

Двојката се соочува со многу „заблуди“ за нивната врска бидејќи многумина мислат дека е лажна.

-Најголемата заблуда е дека тоа не е вистинска врска, дека Џејмс финансиски ме поддржува, а јас за возврат обезбедувам нешто друго – изјавила Нова.

Џејмс се согласи, додавајќи:

“Повеќето луѓе се сомневаат дали меѓу нас постои вистинска љубов или се се врти околу парите.”

Нова, која почна да студира на магистерски студии по социјална работа, заработува околу 90.000 евра од видеа.

Дури и нејзиното семејство на почетокот беше загрижено дали двајцата се заедно од вистински причини, со оглед на тоа како се запознале.

Нивната пријателка Миа признала дека на почетокот мислела дека изгледаат како „тато и ќерката“.

“Морав да се навикнам на шокот” – изјавила Миа за ‘Love Don’t Judge’.

“Она што го прави Нова е неверојатно охрабрувачко. Љубовта е љубов, а фасцинантно е да се видат двајца луѓе кои се навистина среќни и се разбираат” додала таа..