ЗабаваПопуларно

Се сврте тркалото! Снуп Дог е нов подржувач на Доналд Трамп!

За тие од вас кои не беа запознаени, Снуп Дог беше еден од најголемите негативци кога пред него ќе се спомнеше името на Доналд Трамп. Тој дури во една од неговите песни „Левендер“ од 2017 асоцираше дека Доналд Трамп е кловн и на крајот од спотот го егзекутира со пиштол.

Поради ваквите постапки тој ги шокираше сите во едно интервју кое го имаше со Њујорк Тајмс каде што кажа дека имал само љубов и почит за поранешниот претседател.

“Доналд Трамп? Тој ми нема на мене ништо згрешено. Трамп за мене има направено само добри работи”.
Снуп Дог потенцираше што доведе до промена на неговото мислење и се изјасни дека станува збор за случка кај што Трамп му даде помилување на еден од партнерите на Снуп Дог, Мајкл Херис по познат како Хери-Оу, со кој имаа заедно отворено издавачка куќа.
“Поради тоа за него имам само љубов и почит”.

Ова претставува целосна промена на мислењето на Снуп, што дефинитивно ќе му ги зголеми гласовите на Трамп од црната заедница.