Забава

(ФОТО) Човек изел пур пена што се користи за изолација! Лекарите останале без зборови, ова му го нашле во стомакот!

Маж за малку ќе го загубeл животот и се здобил со расекотина на стомакот откако изел пур пена. 45-годишникот, кој не е именуван, итно бил пренесен во Јужна Кореја на операција поради силни болки во стомакот откако намерно ја изел пената.

За тие што не се запознаени, пур пена се користи за фиксирање и изолација околу вратите и прозорците, за пополнување на пукнатини и пополнување на празнините околу цевките во ѕидовите.

Утврдено е дека материјалот ја пробил чувствителната слузница на желудникот, што резултирало со мачна болка која барала хируршка поправка. По процедурата, пациентот бил задржан во одделението две недели, пред да биде испратен дома.

За среќа, тој не претрпел долгорочни ефекти од консумирањето на пената. Бизарниот случај го откриле лекарите од Националниот универзитет Кјунгпук

Тоа што му го извадиле по операција биле калапи од хранопроводникот и стомакот.

Голтање полиуретанска пена може да предизвика перфорација на желудникот што е опасно по живот.

Лекарите ги предупредија сите и рекоа дека овој пациент имал среќа да преживее. Оттаму додаваат дека голема е веројатноста консумацијата на пена да настанала бидејќи има некое психичко пореметување поради кое постои силен нагон за конзумирање на нејадливи материјали.