ЗабаваПопуларно

„Црногорец сум, ама мило ми е што пропадна сезоната! Не може за 10 ќебапи да наплаќате…“

Сезоната во Црна Гора е полоша од претходните години, а сите мислат дека знаат зошто. Поточно, поради кого.

„Сезоната потфрли барем за 20%, полоша е од лани“, констатирал неодамна Никола Пејовиќ од Здружението на хотели на Црна Гора за Побједа, нагласувајќи ја недоволната подготвеност и недоволното присуство на државните функционери во стратегијата за туризам.

Во врска со тоа, некои ги обвинуваат арогантните сопственици на ресторани кои се надминале себеси со високите цени.

Извесен Црногорец, кој на „TikTok“ се претставува како Niko_Mar_10, објаснил што сè им замерува како сопственик на апартман во видео кое привлекло големо внимание и предизвикало многу реакции, како кај мештаните на кои им се обраќа, така и кај туристите.

„Повеќе не е тајна дека летната сезона во Црна Гора е „капут“. Како некој што е роден овде, кој живее и се занимава со туризам во оваа наша земја, поточно издавајќи апартмани во приватниот сектор, единствено што можам да кажам е дека сум исклучително среќен поради тоа, го започнал своето „излагање“.

„Зошто? Тоа е затоа што ги окупиравте сите плажи и им ставивте огромни давачки. Човек повеќе не може да оди на плажа и пристојно да се избања, за такво нешто мора да потроши вистинско мало богатство. Не е нормално апартманите во приватниот сектор да чинат меѓу 30 и 60 евра за двајца, а исто толку пари треба да издвоите за две лежалки и еден чадор на плажа за само неколку часа. Не е нормално еден хамбургер да чини меѓу четири и шест евра. Не е нормално исто толку да чини и едно парче пица. Не е нормално 10 ќебапи со помфрит да чинат од 10 до 12 евра. Не е нормално парче поховано пилешко на некое зелено пире да чини од 15 до 20 евра. Не е нормално кафето да чини од две до четири евра и исто колку шише вода од 0,25 инчи“, набројувал тој.

„Не е нормално толку многу што направивте и многу ми е мило што сето тоа ви се враќа. Единственото нешто за што ми е жал е овој обичен народ кому му ја зедовте душата, но и правото да ужива во ова наше прекрасно море“, заклучил Нико.

Многумина во коментарите се согласиле со него, но некои коментирале дека Хрватска е уште поскапа, а не е подобра ниту Србија …

„Суштината на моето видео е што многу ми е жал што мојата земја, која ја сакам повеќе од мојот живот, дојде до таква позиција што повеќе не е место каде што сакате да одите затоа што таму имате пријатели, затоа што се собиравте таму, се дружевте, се вљубивте, уживавте на крај краева, веќе стана обично магаре кому му е наметнато седло од разноразни „курти и мурти“ кои ја „јаваат“ оваа земја и се обидуваат да ја уништат … Што се однесува до сите нас од околината, ние сме во ист „сос“, затоа не зборувајте глупости и да не шириме омраза, бидејќи тоа е најмалку што ни треба“, завршил тој.