ПопуларноТехнологија

Детектори на вештачка интелигенција претпоставуваат дека американскиот устав е пишуван од вештачка интелигенција?

Откако излезе чет ботот ChatGPT учениците во основно, средно образование, па вклучувајќи го и факултетот го користат за вршење на проекти, задачи, семинарски итн.

Користењето на вештачка интелигенција за училишни задачи започна целосно нов проблем во образованието. Поради големите грижи дека вештачката интелигенција може да го наруши традиционалниот метод на учење, ChatGPT создаде таканаречени детектори на текст, како што се GPTZero, ZeroGPT но проблемот е што моментално тие не се секогаш точни во нивната процена.

На пример, кога беше внесен американскиот устав во GPTZero, одговорот што го враќа е „Најверојатно напишано од вештачка интелигенција“. Други детектори исто така го даваат истиот резултат што предизвика доста недоразбирања и хумор кога се воспостави дека основачите на Америка е можно да се роботи. GPTZero го дава истиот резултат кога ќе се внесат одредени делови од библијата.

Како што објаснуваат програмерите, ова феномен кој ги покажува границите на вештачката интелигенција и потребата за посигурно решение. Тие објаснуваат дека четботот најчесто го споредува текстот со тоа што тој најдобро го познава – машински јазик. Но проблемот е што во одредени случаи, луѓето може да пишуваат машински со цел да бидат формални. Како што кажуваат тие „Ако нешто звучи генеричко, не мора да значи дека е од вештачка интелигенција“.