ПопуларноТехнологија

Наместо да се мачи сам да си ја најде вистинската љубов, ги оставил работите на ChatGPT!

Неодамна, на интернет стана вирален маж од Русија кој тврди дека искористил ChatGPT за да се спои со повеќе од 5000 жени на Тиндер, и евентуално си ја нашол љубовта на својот живот.

Од кога стана ChatGPT стана достапно за јавноста, корисниците наоѓаат безброј инвентивни начини на кој што може да се искористи чет ботот. Со веќе над милијарда корисници, можностите се бесконечни.

Но кога падна во рацете на русинот Александар Жадан, тој имаше нешто сосема трето на памет. Тој кажа дека со помош на ChatGPT направил бот на Tinder кој го поврзал со 5000 девојки и евентуално си ја нашол моменталната вереничка. Наводно, по комуницирањето со девојките, ChatGPT одредил кои не се совпаѓаат и ги елиминирал дур не остане само една.

Тој кажува дека комуникацијата со девојките од негова страна била целосно во рацете на ChatGPT за цела година и дека понекогаш го договарало на дури 6 состаноци во исто време. Прав мангуп…

Тој кажува дека наоѓање на човек којшто ке го сакаш е многу тешко. “Сакам да имам време за работа, за моите интереси, за друштво. Можев ова и сам да го направам, но без ChatGPT, ке беше многу подолг процес.”

Исто така кажа дека имал неколку варијации на ботот но дека веќе не го користел од кога се верил.

Еве видео од како работел ботот.