ВестиПопуларно

Неверојатна глетка во Сахара: Oгромно езеро се појави во сувата пустина

Единствениот настан моментално се одвива ширум пустината Сахара, едно од најсушните места на Земјата.

На фотографиите може да се види дека делови од Сахара се претворени во езера по невообичаено голема количина на врнежи.

Количината на дожд можеби не изгледа голема според нормалните стандарди, но голем дел од Сахара во септември ќе добие значително повеќе од 500% од нормалните месечни врнежи.

Не е баш често пустината Сахара да гледа вакви врнежи. Тие се многу ретки, во просек помалку од еднаш во деценија, но обично се знак дека нешто се менува во временскиот систем на Земјата, што укажува на необичната состојба на атмосферата додека одиме кон есен и зима.

„Тропските бранови, кои често се развиваат во урагани, не се појавувале така моќно во централна Африка“, наведува „Zoom Earth“. „Еден клучен фактор за формирање на тропските бранови е зоната на интертропска конвергенција (ITCZ). Таа се поместила понатаму на север отколку што е вообичаено. Ова, во комбинација со рекордната северноатлантска осцилација (NAO) ги промени временски обрасци ширум Атлантикот и Африка“.

Промената предизвикала повеќе дожд во делови на светот кои инаку не гледаат големи количини на врнежи, пишува „Zoom Earth“, како што се пустините Сахел и Сахара.

Жителите на населбата Аин Сефра во северозападен Алжир биле шокирани кога огромно езеро се појавило во сувата пустина во редок природен феномен.

Забележана е и појава на виножито, кое, бидејќи се дождовите ретко, многу ретко се гледа во Сахара.

Карим Бушетата направил необична фотографија од виножито во пустина откако се упатил во новонастанатата оаза да плива со пријателите.

„Тоа беше мало езерце и би требало да пресуши поради сушата, така што бевме шокирани кога во текот на летото видовме езеро кое се појавува насред песочни дини. Убаво е да се има плажа на нашиот праг и сите отидовме на капење. Се обидуваме максимално да го искористиме пред да пресуши“, рекол тој.