ЗабаваПопуларно

Ова е можеби најсреќниот човек на планетата

Дилан Меквилиамс има искусено настани што можеби ниеден друг човек ги нема доживеано до сега

Шансата да ве нападне мечка во дивината е 1 спрема 2.7 милиони. Додека шансата да бидете нападните од ајкула е 1 спрема 11.5 милиони. Доколку сте “среќник” како Дилан и имате средба со отровна змија од Америка, шансите да ве гризне се 1 спрема 37.5 милиони.

Но Дилан не искусил само напад од отровна змија, туку искусил све од горенаведедното. Имено, во текот на планинарење, тој доживеал напад од ѕвечарка. Година дена подоцна, кога бил на летно кампување, во текот на ноќта бил нападнат од Мечка “Ме фати за глава и ја бодев во очи” кажа тој. И по година дена каде што бил на сурфање во Хаваи, секако бил нападнат од ајкула која му нанела тешки повреди.

Шансите за човек да ги доживее овие 3 напади се 1 спрема 893 квадрилиони.

Како што кажува тој, на 4 годишна возраст научил како да преживува во дивината од неговиот дедо

„Ги учев децата и луѓето, кој сака, како да преживеат во дивината и да живеат од земјата како што правеле истражувачите.”

“На крајот од денот, сеуште планинарам, сеуште од на кампување и сеуште пливам во океанот”

Можеби треба да почне и да игра лотарија.