ВестиПопуларно

Падна системот во Евзони: Се чека по четири часа на граница, не е подобро ниту во Дорјан

“Велат нема да се помине до вторник“ пишуваат загрижените туристи коментарите

На Фејсбук групата „Грчка инфо“ се јавува дека во моментов на Евзони чекаат речиси четири часа, додека состојбата не е подобра ниту на Дорјан.

Доцнењето на алтернативниот премин е околу три часа, само еден час пократко од Евзонија.

Наводно, системот паднал на грчката граница, поради што се формирале долги колони возила.

Како што велат, огромни гужви има на граничниот премин Богородица на излез од Северна Македонија.

„Моментално на преминот Богородица, половина час во ред и секако уште час и половина. Само наоружајте се со челични нерви. Се ќе биде во ред кога ќе стигнеме до брегот“ , пишува еден член од групата.