ПопуларноТехнологија

Потенцијални проблеми со Apple Vision Pro?

Apple Vision Pro е несомнено огромен чекор напред за светот на технологијата, но во последно време се повеќе уреди им се појавува пукнатина на сред визир и покрај тоа што никогаш не биле паднати на земја!

Ако сте заинтересирани во трошење 3500 евра за Apple Vision Pro, можеби е подобро да ги почекате понатамошните модели откако на првата верзија на аугментираната реалност почна да пука надворешниот визир на истото место.

Првично беше пријавено на Reddit па откако прати еден корисник, почнаа да стигаат повеќе слики со пукнатина на буквално истото место. Пукнатина е баш над носот што е индикација дека има одредена точка на затегнување кај што се појавува пукнатината.

По подолго испитување и пребарување на официјалните форуми на Apple немаше повеќе пријави за ваков дефект што можеби укажува на тоа дека е лимитиран дефект во производство. Пукнатината на сите корисници им се појавила откако го полнеле својот уред преку ноќ.

Документација на Apple Vision Pro тврди дека уредот влече батерија од полначот кога не е во употреба, дозволувајќи му на да синхронизира слики, пораки, и сл. Доколку уредот не е користен цели 24 часа, пополека ќе почне да ја губи батеријата.

Овој надворешен визир на Apple и не е беше евтин. Промена на визир со AppleCare чини 300 долари, а доколку немате AppleCare, ќе ве чини 800 долари за промена. Откако биле контактирани Apple, тие нагласиле дека мора да се плати цената на поправка бидејќи пукнатината не била идентификувана како дефект во производство.