ПопуларноТехнологија

Путин: Русија се поблиску до вакцина против рак

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е сè поблиску до пронаоѓање на вакцина против ракот и додаде дека може да се смета на нивна индивидуална примена во индивидуалната терапија

„Се приближува создавањето на таканаречената Онковакцина – вакцина против рак и нова генерација на имуно-модулаторни лекови. Очекувам дека наскоро овие лекови ќе бидат ефикасно користени како метод за индивидуална терапија“, изјави Путин во текот на седницата на Форумот за идни технологии.

Тој кажа дека новото откритие во областа на медицината би требало да биде достапна за народот и очекува широка примена во примарна здравствена заштита.

„Новите откритија во областа на медицината, методите за превенција, новите лекови и опремата, сами по себе не значат многу. Нивната главна употреба е да го сочуваат здравјето на нашите граѓани и да бидат достапни на сите луѓе“ – продолжи претседателот на Русија.

Путин исто така најави зголемување на финансиите за иновација во медицината и фармакологијата.