Таткото на ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, избоден и пренесен во болница – се наоѓа во тешка состојба
Инцидентот се случил на паркинг.
Таткото на Ламине Јамал, Мунир Насрауи, наводно е пренесен во болница откако бил избоден со нож на паркинг во Каталонија, пишува “Sport.es”
“La Vanguardia” објави дека Насрауи е во тешка состојба по инцидентот што се случи во денеска навечер во Матаро.
Детали во моментов нема многу, но полицијата веќе е вклучена и се вели дека има неколку очевидци кои виделе што се случило.