ПопуларноТехнологија

Три недостатоци на Apple Vision Pro

Технологијата што “Apple” ја искористи во својата прва генерација “Vision Pro” е феноменална. На типичен начин на “Apple”, компанијата не избрза со производот, но сепак после извесно време, корисниците на уредот ги набројаа трите најголеми недостатоци на “Apple Vision Pro”

Начинот на кој “Apple” решава просторното пресметување е радикално различно од експериментите на Гугл со “Glass” или бизнисот на Мајкрософт со “HoloLens”.

Резултат на сета неверојатна технологија што “Apple” ја користи во “Vision Pro” е производ што може да се носи како технолошки аксесоар, со значителна тежина, кој исто така треба да се постави поединечно на лицата на широк спектар на облици на лица на корисникот. Исто така е доста деликатно.

Со оглед на тоа, еве ги трите недостатоци пријавени од корисниците што го користат уредот од кога беше издаден.

Подесување и удобност

Наместо “Apple” да се обидат да го дизајнираат “Vision Pro” да биде бескрајно приспособлив, “Apple” разви систем за монтирање ориентиран главно на едно парче: “Light Seal”. Вклучено во кутијата има подебела и потенка верзија на “Light Seal” перниче, две влошки помеѓу кои може да се менуваа. “Light Seal” е малку деликатен со тенка рамка и чини 200 долари за замена.

Light Seal

Кога нарачувате “Vision Pro” онлајн, апликацијата “Apple Store” ве поттикнува да извршите биометриско скенирање на вашето лице. Потоа препорачува специфичен модел на “Light Seal” врз основа на ширината на вашето лице и други параметри кои се единствени за вашиот физички изглед.

Но и покрај тоа имаше корисници кои изјавија дека откако го добиле и пробале, било доста неудобно за носење. Голем број на корисници порачуваа повеќе оддеднаш со цел да биде поудобно за носење.

Тежината на камерите, оптиката и неговата надворешност од стакло и метал се доволно значајни за да биде навистина важно да се постигне најдоброто можно вклопување на “Light Seal”

Цена

Не е тајна дека 3500 долари за електронски уред е премногу, особено за нашата демографија. Корисниците кажаа дека е препорачливо да се има и “AppleCare” доколку се купува “Vision Pro” со оглед на деликатноста на уредот. Корисниците всушност бараат од “Apple” да вклучат и “AppleCare” со самото купување на производот.

Исто така се дозна дека многу корисници го користат уредот додека се полни. Како што кажуваат, ако се поминат неколку саати со уредот на глава, има многу потенцијални проблеми кои што може да се случат. Имено, уредот нема “MagSafe” (магнетскиот полнач) кои го имаат другите уреди на “Apple”, што го прави движењето околу скапиот уред многу по незавидно, особено ако се потегне по грешка кабелот што не треба. Со оглед на тоа доколку се одлучите да купувате “Vision Pro”, сметајте дека ке ви биде потребно и “AppleCare”, освен ако не сте нај претпазливата личност на светот.

Споделување

Она што беше изненадувачи за корисниците е фактот што е уредот сеуште не може да се конектира со друг уред, односно не може да се сподели ништо.

Vision Pro сигурно достигнува ново ниво на „лично пресметување“. Но, неговиот дизајн на платформа е исто така многу близок со “iPhone” и “iPad”, ниту еден од нив не е навистина дизајниран да биде повеќе-кориснички.

Создавањето на iOS кој е повеќе-кориснички би вклучувало многу инженерска работа и компромиси кои ќе го комплицираат и намалат целокупното искуство. “Apple” исто така никогаш не сигнализирал дека сака да се обиде да се фокусира на ова.

Не само што уредот е „хигиенски“ поврзан со примарниот корисник кој го купува – со прецизно лично вклопување е главен проблем, исто така е поврзан и со вашиот личен “Apple ID” и неговите податоци, исто како и секој друг iOS – поврзан уред. Инхерентно ги има истите проблеми со обидот да се користат повеќе “Apple ID” поврзани со различни кориснички сметки што ги имаат уредите со iOS.

Не само што уредот е „хигиенски“ поврзан со примарниот корисник кој го купува – со прецизно подесување како главен проблем тој исто така е поврзан и со вашиот личен “Apple ID” и неговите податоци, исто како и секој друг iOS поврзан уред. Инхерентно ги има истите проблеми со користење повеќе “Apple ID” поврзани со различни кориснички сметки што ги имаат уредите со iOS.