ПопуларноСелебрити

Весна Петрушевска во лајв на Инстаграм откри дека се бори со рак: „Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“

Весна Петрушевска преку вклучување во живо на Инстаграм соопшти дека ѝ дијагностицирале рак.

Таа минатата недела сподели мистериозна објава во која напиша дека „ракот е патување во кое патуваш сам“ и дека „во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“.

Петрушевска сега ја потврди дијагнозата и откри дека истата ја добила во април.

„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.

„Кога ќе ја добиеш веста дека имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено. Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така. Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа.

Инаку мојата дијагноза е од средината на април оваа година. И тоа никој не можеше да го забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на ‘Глумците пеат’, бев во Битола…

Затоа што прво сум борец, второ – не сакам да кукам, трето – мразам патетика и четврто – можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене. Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, тоа е дека останувате сами. И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрепкување… мене барем ми пречи.

И иако сум човек којшто многу помагал, помагам и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент…

Таа вели дека ѝ била направена мастектомија на десната страна, во приватна болница.

„Имам 30 центиметри рез, којшто ве инвалидизира, кој ви ја одзема женственоста, белег и лузна која ве потсеќа на животот којшто треба да го живеете“, додава Петрушевска.