ПопуларноСелебрити

„Кралското семејство не ме поддржа“ Новата шокантна изјава на Меган Маркл тврди дека доживеала злоупотреба

Меган Маркл вчера го прослави својот 43 роденден, кога на CBS Sunday Morning беше емитувано интервју со неа, поточно дел од тој разговор во кој војвотката од Сасекс во друштво на нејзиниот сопруг принцот Хари зборуваше за многу тежок период во нејзиниот живот. Односно за тоа како додека бил полноправен член на британското кралско семејство размислувала за самоубиство.

Во интервјуто се зборуваше за новата програма The Parents Network на нивната фондација Archewell. Оваа програма е наменета за родители чии деца доживеале траума поврзана со користењето на социјалните мрежи. По двегодишна пилот програма, иницијативата сега е достапна за родителите во САД, ОК и Канада.

Новинарката ја праша Меган Маркл за нејзината одлука да зборува за тешките денови. Да потсетиме, сопругата на принцот Хари зборуваше за тоа во 2021 година во интервју со Опра Винфри кога истакна дека во еден момент повеќе не сакала да биде жива. Пред тоа била изложена на огромен медиумски притисок во Велика Британија. Таа тогаш нагласи дека од семејството на Хари не ја доби поддршката која што ја очекуваше.

Меган, која претходно зборуваше за „злоупотребата што ја доживеа на социјалните мрежи и на Интернет“, и рече на новинарката дека препознала „транзиција“ помеѓу нејзиното искуство и она на децата погодени од штетните ситуации со кои се среќаваат на интернет, според People.

„Кога поминувате низ кое било ниво на болка или траума, верувам дека дел од нашето лекување е тоа што можеме да бидеме навистина отворени за тоа, барем во мојот случај. Никогаш не би сакал некој друг да се чувствува така и никогаш не би сакал никого да размислува за истото“.

Таа рече: „Ако она за што ќе зборувам спаси некого или го охрабри искрено да ја провери неговата состојба во животот и да не претпоставува дека сè е во ред, тогаш вреди. Ќе ја направам таа жртва“.

Таа зборуваше и за тоа како сака да ги заштити своите деца Лилибет и Арчи од штетните содржини на Интернет.

„Нашите деца имаат три и пет години. Тие се неверојатни. Но, сè што сакам да направам како родител е да ги заштитам. Како што можеме да видиме на онлајн просторот, има многу што треба да се поправи и ние сме среќни да бидеме дел од таа промена“, нагласи таа.

Новинарката додаде дека се надева дека Лилибет и Арчи ќе имаат кој да им помогне доколку им треба, а на тоа принцот Хари одговори:

„Стигнавме до време каде што скоро секој родител треба да биде првиот што реагира. Дури и најдобрите доктори во светот не би можеле да ги препознаат знаците на потенцијално самоубиство. Тоа е страшниот дел од ова“, рече тој.

Меган напомена дека на се треба да се гледа со прашањето – што ако беше мојата ќерка, што ако беше мојот син. „Ако го погледнете низ објективот на тоа дека сте родител, нема како да го видите на друг начин освен да се обидете да пронајдете решение.”