Селебрити

Нема ден без да ги шокираат фановите: Канје ја соблекол сопругата среде трговски центар и ја допирал по задникот

Канје Вест и Бјанка Ценсори по којзнае кој пат успеаја да го привлечат вниманието на јавноста. Таа била облечена во оскудно издание додека тој ја допирал по телото.

Парот бил фотографиран во трговскиот центар The Grove во Лос Анџелес. Бјанка носела топ, хулахопки и високи потпетици. Раперот во еден момент ѝ ги соблекол хулахопките и ја допирал по задникот, не обрнувајќи им внимание на присутните фотографи.

По тврдењата дека Канје е во лоши односи со семејството на Бјанка затоа што се обидува да ја контролира, „Daily Mail“ објави дека тој се обидува да ги подобри односите со нејзината мајка.

Извор за споменатиот медиум на почетокот на овој месец изјавил дека таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша како може да парадира со неа како да е гол трофеј.

„Тој сака да го праша што би направил доколку неговите ќерки Норт и Чикаго се појават полуголи во јавноста, а нивните сопрузи го одобруваат тоа“, рекол таткото.

Таткото на Бјанка е еден од најпознатите криминалци во Австралија. Тој во 1982 година бил во затвор поради поседување пиштол и муниција. Но, се чини дека Бјанка воопшто не е загрижена за семејните проблеми.