Селебрити

Нејзините голи фотографии ги видоа сите, а потоа од Југославија дојде до Белата куќа

Некогашната прва дама на САД и модел, Меланија Трамп, е родена како Меланија Кнавс на 26-ти април 1970 година во Словенија од родителите Виктор и Амалија Кнавс.

Нејзиниот живот е проследен со разни коментари, но едно е сигурно – што и да направи Меланија Трамп, тоа ќе биде пренесено на сите светски и домашни медиуми.

До смртта на нејзината мајка, родителите на Меланија живееле во семејна куќа со мал двор во родната Севница, а често ја посетувале во САД, каде што живее и сестрата на Меланија, Инес. Нејзиниот татко Виктор заработувал за живот продавајќи автоделови, а нејзината мајка Амалија работела во фабрика за детска облека.

https://www.tiktok.com/@melaniatrumpiconic/video/7005311834018401542?embed_source=121374463%2C121442748%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_share&refer=embed&referer_url=tocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F486895%2Fedit&referer_video_id=7005311834018401542

Кариера на модел


Меланија студирала дизајн и архитектура во Љубљана. На нејзината официјална веб-страница стоеше дека таа дипломирала, но подоцна беше откриено дека се откажала од студиите за време на бруцошката година.

Својата манекенска кариера ја започнала кога имала само 16 години, а веќе на 18 го потпишала првиот договор со агенција за модели во Милано.

Фотографот Стане Јерко ја забележал Меланија, а како што изјавил, била висока, витка, со долга коса и знаел дека ја чека одлична манекенска кариера.

„Се враќав од една модна ревија во Љубљана и ја видов пред зградата. Најверојатно чекаше некоја пријателка. Ја забележав бидејќи беше висока и слаба. Пријдов и ѝ предложив пробна фотосесија“, рекол фотографот.

Фотографиите што тој ги направил изгледале одлично, па Јерко ја повикал да ја фотографира за словенечкиот магазин „Model“.

Малкумина знаат дека Меланија Трамп зборува дури четири јазици: словенечки, француски, германски и англиски. Покрај нејзината манекенска кариера, таа дизајнираше неколку свои креации, како и колекција на накит и производи за нега на кожа.

Неприкосновена убавица


Меланија и ден-денес важи за убава жена, но во последните неколку дена социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа кога била млада.

И едно е сигурно – Меланија била и останала убавица.

Во Њујорк работела со фотографи како Патрик Демаршелие и Хелмут Њутн. Таа се појави на насловните страници на „Harper’s Bazaar“ во Бугарија и „Vanity Fair“ во Италија.

Една од нејзините позапазени, но и контроверзни кампањи е нејзиното разголено снимање за „GQ“ во 2000 година.

Љубовта со Доналд Трамп


Меланија и Доналд се запознале во 1998 година додека неговата бракоразводна парница со Марла Мејплс сè уште траела. Пред неа, Доналд беше во брак со Ивана Трамп со која ги има Иванка, Ерик и Доналд Јуниор.

Трамп се разведе од втората сопруга во 1999 година, а во 2004 година се вери со Меланија. Тие се венчаа на Флорида во 2005 година на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, а една година подоцна го добија синот Барон.

Кога Доналд првпат навести дека се свртува кон највисоките позиции на власт, во 1999 година, таа им рече на новинарите: „Јас би била многу традиционална, како Бети Форд или Џеки Кенеди“.

Откако го загуби вториот мандат на претседателските избори, се шпекулираше дека Меланија сака развод, но до денес таа не поднела барање за тоа.

Се најавува дека таа ќе има поактивна улога во кампањата на нејзиниот сопруг за претстојните претседателски избори во Америка закажани за ноември.