ПопуларноСелебрити

Ни беше омилена како Бренда од Беверли Хилс: Актерката Шенен Доерти почина на 54-годишна возраст

Актерката Шенен Доерти, позната по улогата во серијата Беверли Хилс, почина на 54-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката.

Веста дека Шенен Доерти почина на Инстаграм ја потврди Лесли Слоун, нејзиниот публицист, во изјава за магазинот People.

Ја загуби битката со ракот

Со тешко срце потврдувам дека актерката Шенен Доерти почина. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со оваа болест.

Доерти се прослави во 1990 година како Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс, 90210“, а нејзиниот лик заедно со нејзиниот близнак Брендон, кој го игра Џејсон Присли, се преселил од Минесота во Лос Анџелес, каде се восхитувал на навиките на богатите.