ПопуларноСелебрити

“Никогаш повеќе нема да стапнам таму додека не го тргнат тој човек од власт” – Џо Роган со јасна порака до Канада

Најголемиот поткаст на светот, “The Joe Rogan Experience” имаша јасна порака до Премиерот на Канада, “Е*и се, завршив со Канада”

Ова беше кажано како резултат на чудните закони што ги воведе Канада кои ја нарушуваат приватноста на граѓаните. Еден пример е законот за говорна омраза што ке и дозволи на Канада ги санкционира луѓето кои на социјалните мрежи постирале било каква говор на омраза, без разлика дали било тоа во сегашноста или минатотo.

Роган вели дека никогаш повеќе нема да стапне во Канада додека не се „ослободат од тој човек“ затоа што „тие се среде целосно комунистичко преземање“.

„Едноставно не верувам во ништо од тоа. Само мислам дека тие се многу блиску до тиранија во моментов, законите што ги донесуваат, ср*њето што го прават, ерозија на правата на луѓето, Не сакам да го поддржам. Мислам дека е ужасно… Тие се среде целосно комунистичко преземање“.

Гостинот му кажа “Џо, ти имаш фанови таму? што со нив?” а тој одговори “Додека не го сменат Трудо, не стапнувам таму”

Потоа го даде неговоро мислење за народот: “Канадскиот народ е многу фин е позитивен народ, и мислам баш поради тоа им се случуваат овие работи. Океј е да сакаш да си фин со сите цело време, ама после одредено време ќе ти се качат на глава!”