Селебрити

Оваа италијанска убавица има 26 години, а го бакнува Ди Каприо: Како го прави тоа? (ФОТО)

Леонардо ди Каприо (49) и неговиот најдобар пријател, исто така актер, Тоби Мегваер, неодамна беа фотографирани во Италија, каде уживаат во топлите денови и летните активности.

Освен Мегваер, славниот оскаровец беше придружуван и од неговата 26-годишна девојка – италијанската манекенка Виторија Серети.

А токму таа стана тема на јавноста. Поради неа Ди Каприо го прекрши „неговото правило“ (не излегува со девојки кои имаат 25 години), бидејќи италијанската убавица веќе има 26 години.

Што се случи, дали холивудскиот заводник реши да се смири? Нам ни останува да го следиме натамошниот развој на нивната љубовна приказна.