Селебрити

Пораснала во сиромаштија, а на 17 години станала милионерка! Сè заработила со 10-те прсти, дури и ги платила долговите на нејзиниот татко

Интернет ѕвездата Софи Рејн, која порано работеше како келнерка, стана инфлуенсерка со 11 милиони следбеници на социјалните мрежи. Преку својата работа на Интернет, таа можела да заработи доволно пари за да го отплати долгот на нејзините родители од 15.000 долари и да им купи нов автомобил и фрижидер. Софи, која пораснала сиромашно, поседува и три автомобили во вкупна вредност од 750.000 долари.

Креатороката на содржини, која пораснала на бонови за храна, вели дека нејзиниот татко бил толку трогнат од гестот што останал во солзи.

„Татко ми, кој води ресторан, ми спомна дека е загрижен што нема доволно пари да ги плати даноците“, рече Софи, која е од Мајами, но моментално живее во Тампа, Флорида.

„Само го прашав колку му се даноците, колку долго има и колку пари ќе му требаат за да излезе од ситуацијата во која се наоѓа. Откако ми ја кажа сумата, веднаш ги префрлив парите. Сега, моите родители не мора да живеат од плата до плата. Тие беа многу изненадени. Татко ми почна да плаче кога сфати што сум направила. Ми рекоа да продолжам да го работам тоа што го работам и дека секогаш ќе ме поддржуваат“, вели таа.

Софи се прослави во април минатата година, откако почна да создава содржини на интернет, со помош на нејзината 20-годишна сестра Сиера.

Сиера е инфлуенсер со три милиони следбеници на интернет.

Растејќи во сиромаштија, таа вели дека и било потребно време да се прилагоди на новиот живот.

– Моето семејство порасна во многу сиромашно маало и живеевме на бонови за храна. Моите родители ме поддржуваа и работеа напорно, но не можевме да си дозволиме луксуз. Едвај врзувавме крај со крај, па на 17 години се вработив во ресторан бидејќи сакав да помогнам. Никогаш не мислев дека ќе станам влијателна. Сè уште чекам да се разбудам од мојот сон. Ништо од ова не изгледа реално“, вели таа.