Селебрити

Има повеќе пари од што може да замисли но Јелена Ѓоковиќ сепак се облекува скромно на прошетка низ Париз!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ моментално е во Париз, а причина е големиот тениски турнир Ролан Гарос каде се бори за 25та Грен слем титула во кариерата и се обидува да остане прв на АТП листата.

Новак и Јелена Ѓоковиќ беа видени заедно во петокот вечерта на ракометен натпревар, а сега Јелена на својот Инстаграм профил објави фотографија од Париз.

Додека Ноле тренира за претстојниот натпревар, Јелена одвои време да го посети дождливиот Париз.

За прошетка во главниот град на Франција, Јелена се одлучи за лежерна опција. Таа носеше темна јакна со златни копчиња, а од под неа ѕиркаше класична бела кошула. Долу, таа се одлучи за прави фармерки и бели патики со подигнат ѓон. И на крај, како детал, на вратот закачила џемпер од познат моден бренд.

„Од Париз со љубов“, кратко напиша Ѓоковиќ, а објавата прв ја коментираше нејзиниот најголем обожавател – нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ. Тој не го криеше ентузијазмот, а на својата поубава половина и остави два „вљубени емотикони“.

Некои од коментарите гласеа дека жена која има толку многу пари се облекува прилично класично и не агресивно.