Селебрити

(ФОТО) Очајната домаќинка со никогаш подлабоко деколте

Минатата вечер во Кан беше резервирана за премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ на која присуствуваат многу познати гости. Меѓу нив е и редовната гостинка на фестивалот, Ева Лонгорија Бастон, која се претстави во нејзиниот омилен модел на фустан.

Актерката и продуцентка за Канскиот фестивал 2024 избрала блескав фустан со наметка и длабоко деколте кој ѝ направил мал проблем на црвениот тепих, па неколку пати морала да ја мести креацијата за да не открие премногу.

Фустанот кој ја истакнал нејзината фигура и заносните облини го краси и гол грб, па со секој чекор на фестивалот во Кан, Лонгорија мамела погледи. Изданието е гламурозно (во комбинација со раскошен ѓердан) и повеќе од заводливо.

Харизматичната Ева, која пленела со својата убавина и ги поздравила фотографите со прекрасната насмевка, ја претстави и новата фризура, максимално долга коса која изгледа доста привлечно, па и овој детаљ придонел за нејзината заводливост.

Ева имала и мала помош за да може непречено да оди на црвениот тепих во Кан. Таа остави впечаток дека одлично се забавува во познатиот француски град и на традиционалната манифестација на која со задоволство се враќа.