Селебрити

(ФОТО) Ријана објави провокативни фотографии и ја најави новата колекција

Ријана објави две свои фотографии на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд за модна долна облека. На овој начин таа најави обнова на соработката со Адам Селман, моден дизајнер со кој веќе соработуваше во минатото.

Ријана позираше во црн комплет долна облека и проѕирно црно здолниште кое не покрива премногу.

„Оригиналната соработка на Ријана и Адам Селман за „Savage X“ се врати“, напиша Ријана на објавата, по што нејзините следбеници ја изразија својата возбуда и интерес за новата линија на долна облека на брендот.

„Fenty Hair“


Минатиот месец Ријана лансираше нова линија на производи за нега на коса наречена „Fenty Hair“. Тоа е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина „Fenty“, кој ја направи милијардерка. Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.

Таа стана и новото заштитно лице на класичната линија на мириси на Диор, „J’Adore“.