Селебрити

“Хајде да лудујемо ове ночи”: Нема да верувате како денес изгледа Тајчи – има 54 години и веројатно не би ја препознале

На нејзините хитови танцуваше цела поранешна Југославија, а денес го живее американскиот сон и го води својот блог под името Татјана Камерон, на сите позната како Тајчи.

Тајчи во својата кариера сними бројни хитови, а некои од нив се „Hajde da ludujemo ove noci“, „Moj mali je opasan“, „Ti nemaš prava na mene“ кои и денес се пеат и слушаат.

Поминаа повеќе од три децении од врвот на нејзината популарност, а бидејќи долго време не снимила ништо и не се појавувала во јавноста, многумина се прашуваат каде е и како изгледа Тајчи денес.

Таа живее во Америка повеќе од 25 години, има 54 години и ретко кој би ја препознал кога би ја сретнал на улица.

Инаку, првиот албум го издаде во 1990 година, а на него се најде синглот „Hajde da beremo jagode“, кој подоцна беше сменет за југословенскиот Евросонг и стана легендарниот хит „Hajde da ludujemo ove noci“. Таа преку ноќ стана една од најголемите музички ѕвезди на поранешна Југославија и со својата широка насмевка ги освои срцата на публиката. Сите навиваа за неа кога ја претставуваше Југославија на Евровизија во Загреб во 1990 година.

Таа го живееше својот сон во тој период. Помеѓу 1990 и 1992 година, таа сними три албуми, нејзините плочи продадени во рекордно време. Сепак, уште тогаш таа почна да го чувствува товарот на славата. Таа ја напушти Хрватска во јануари 1992 година за да посетува музичко училиште во Њујорк. Дипломирала во септември следната година и го сменила името во Татјана Метјуз.

Таа настапуваше во театрите во Њујорк и сними албум со духовна музика. Потоа, по сопствено признание, го допре дното и следеше најтешкиот период во нејзиниот живот. Се бореше со депресија и анксиозност, но музиката и понуди спас.

Во есента 1998 година, таа го запознала нејзиниот иден сопруг Метју Камерон, кој станал продуцент на нејзините концерти. Тие се венчаа во декември 1999 година во Загреб, а Тајчи со него имаше три сина – Данте (15), Еван (13) и Блаже (10). Во следните години активно се занимава со компонирање и изведување, како и со хуманитарна работа.