Селебрити

Чак Норис на 84 години и се уште непобедлив: Тежини од 250 килограми и шега на своја сметка

Американската легенда Чак Норис на својата страница на Инстаграм објави видео на кое покажува дека и на 84-годишна возраст се уште е „непобедлив“.

Во видеото актерот крева тегови тешки 250 килограми и се шегува во стилот на „шегите на Чак Норис“.

Во видеото оваа поранешна ѕвезда од акционите филмови во разговор со синот вели дека се „загрева“, а во објава на Инстаграм напиша: „Велат дека кога ќе завршам со тренинзите, теговите мора да се одморат“.