Селебрити

Ѕвездата на “Baywatch” осамна во култниот црвен костим за капење: Изгледа подобро отколку во 90-тите

Актерката ја играше улогата на Дона Марко во серијата од 1996 до 1998 година, денес има 55 години и покрај глумата го има и својот профил “OnlyFans”.

Дона Д’Ерико, ѕвездата на хит-серијата од 90-тите “Baywatch”, го облече нејзиниот црвен костим за капење по повод веста за снимањето на новите епизоди од популарниот американски хит.

„Ќе направат рестарт на “Baywatch” на “Fox”? Мислам дека тоа е многу кул. Еве ме во моето црвено издание на “Baywatch” во чест на тоа“, напиша актерката покрај фотографијата на нејзиниот Инстаграм профил, која ги воодушеви обожавателите и собра 25.000 лајкови.

Актерката ја играше улогата на Дона Марко во серијата од 1996 до 1998 година, денес има 55 години, а покрај глумата го има и нејзиниот профил “OnlyFans” кој го промовира на социјалните мрежи.

Во 1995 година Дона се појави на насловната страница на магазинот „Playboy“, а со својот младешки изглед сè уште радува многу обожаватели кои сигурно не би ѝ дале толку години. Таа беше и водителка на шоуто “Battlebots”, а глумеше и во филмовите “Intervention”, “Inconceivable” и “The Making of Plus One”.

Во една прилика актерката откри дека направила дури четири пластични операции во еден ден за да изгледа како на врвот на славата на 49 години.

После две бремености имала вишок кожа на стомакот, а со текот на годините се здебелила. Нејзината цел била повторно да се чувствува добро во костим за капење и вели дека успеала во тоа.