ПопуларноСпорт

Бостон е новиот шампион во НБА

Бостон ја освои рекордната 18-та титула. Далас не успеа да го повтори успехот од 2011 година, ниту го „постигна“ она што никој во историјата на НБА не успеа да го направи – да надополни 0:3 во серијата.

Кошаркарите на Бостон Селтикс ја освоија титулата шампион во НБА, со победата од 106:88 над Далас Маверикс во петтиот натпревар од финалната серија.

Тоа е рекордна 18-та титула за Бостон. Далас не успеа да го повтори успехот од 2011 година, ниту пак тоа што никој во историјата на НБА не успеа да го направи – надополни 0:3 во серијата.

Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до нивната четврта победа во финалната серија и до титулата, постигнувајќи 31 поен, забележувајќи осум скока и 11 асистенции. На спротивната страна, Лука Дончиќ повторно беше најдобар во редовите на Далас – имаше 28 поени, 12 скока и пет асистенции.

Играчот на Бостон, Џејлен Браун, кој имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и пет асистенции, беше прогласен за МВП на финалната серија.