Спорт

Италијански тренер влета на теренот и со клизач собори играч! Доби директен црвен

Тренерот Алесио Гидоти, кој раководи со клубот Субиано во шестата италијанска лига, накратко стана хит во италијанските медиуми и на социјалните мрежи.

На натпреварот против Понтасиеве, Гидоти втрча во теренот и го собори противничкиот играч кој одеше во контра. Судијата не можеше ништо друго освен да му даде директен црвен картон.

Тренерот веднаш ја прифати казната и им се извини на противниците. Натпреварот заврши 0:0, а противничкиот тренер Марко Гуиди изјави дека однесувањето на неговиот колега е „надвор од секој памет“. Раководството на Субиано сакаше да му врачи отказ на тренерот, но утрово соопштија дека нема.

„Во недела сите ние сме љубители на фудбалот и ги гледаме натпреварите водени од нашата страст за играта. Овој прекршок беше неспортски и заслужува казна, која делумно ја доби нашиот тренер. Исто така, убедени сме дека овој инцидент нема никаква врска со насилство и дека нашиот тренер многу жали, се надеваме дека ќе остане на ова“, соопштија од клубот на Гидоти.