ПопуларноСпорт

“Кога ти ќе умреш, јас ке славам!”: Kонор Мекгрегор со ладна порака до Хабиб Нурмагомедов

Откако неодамна имаше терористички напад во Дагестан, Русија врз црква и синагог во кој починаа 19 души, се откри дека член од боречкиот клуб на Нурмагомедов бил еден од сторителите на грозоморотното дело.

Кога се дозна дека бил член на боречкиот клуб, веднаш била извршена рација но не се најде ништо кое би го поврзало Нурмагомедов со терористичкиот напад.

Мекгрегор, кој веќе со години го обвинува, не само Хабиб, туку и неговиот тим дека се терористи, се огласи на социјалните мрежи откако дозна за делумната вмешаност на бившиот светски шампион.

“Во клубот на терористите, кога ќе дојдеше некој да ги тестира за недозволени супстанции, ќе го земеа за заложник и му даваа урина од човек на кој му е чиста. Се ќе се дознае. Има видео како Хабиб влага во установа полна со луѓе и со палка демолира се. Се ќе се дознае.”

Потоа тој продолжи “Се борев против ова ко*иле со скшена нога, требаше да ја откажам борбата. Зашто му дадов предност на овој што си ги е*е братучедките?. Разгалено детиште. Сега си ГОТОВ. Кога ти ќе умрес, јас ќе славам”

Мекрегор требаше да се бори Мајкл Чендлер на 29ти Јуни на УФЦ 303, но мораше да се откаже од борбата откако го скрши малиот прст на ногата.