Спорт

Македонија Го Отвара Европското Првенство Во Ракомет 2024

Дојде и тоа време кога се соединува државава барем на кратко за заедно сите да ја бодриме Македонија во Европско Првентсво во ракомет.

Првенството се игра во Германија и во група се имаме паднато со Франција, Германија и Швајцарија

Македонија ќе го отвора првенството против еден од фаворитите да го освои цело натпреварување, Франција.

Се очекуваат повеќе од 50.000 луге во публика во MERKIR SPIEL-ARENA за отворањето на натпреварот.

Селекторот Кирил Лазаров пред натпреварот изјави дека фаворити секако се Франција. „Секако дека сме аутсајдери, Франција се најдобриот тим во светот заедно со Данска, а и Германија е многу тешко да биде поразена на домашен терен, исто така Швајцарија имаат солиден состав полн со играчи од Бундеслигата. Ќе биде премногу тешко за нашата репрезентација но секако ќе пробуваме да победиме било кого кој не нè сфаќа сериозно“

Од другата страна, десниот бек на Франција, Валентин Порте изјави „Не сме играле против Северна Македонија долго време, но знаеме дека се нов тим, со нови играчи за кој не знаеме многу. Првата утакмица во кој било натпревар секако не е најдобрата форма што ќе се извади од тимот, тешко е да се пренесе претходната форма во голем натпревар.“

Македонија и Франција се сретнуваат на 10.01.24 во 18:00 часот за отварање на Европското Првенство во ракомет.