Новак Ѓоковиќ останува втор на АТП листата, прв Синер
Одлуката на Новак Ѓоковиќ да го прескокне Мастерсот во Синсинати го навестуваше неговиот пад од второто на третото место на АТП-листата, но тоа не се случи поради неуспехот на Карлос Алкараз и излегувањето од второто коло.
Српскиот тенисер остана втор на најновото рангирање на тенисери со 7.460 поени, иако загуби 1.000 поени. Карлос Алкараз е трет со 7.360 поени бидејќи загуби 590 поени. Лидер и понатаму е Јаник Синер (9.410), кој ќе се бори за титулата со Тиафо во Синсинати.
Следат Александар Зверев (7.035), Данил Медведев (6.275), Андреј Рубљов (4.805).